Фудбал
Фудбалот се менува – Доаѓаат многу нови правила, а се укинува нај бизарното
Веќе е извесно дека ФИФА наскоро ќе промени низа на правила во фудбалот, чие спроведување се разгледува години наназад.
Донесена е одлука да се промени веројатно нај бизарното правило во фудбалот, кое кажува дека противничкиот фудбалер не смее во шеснаесетникот да ја пресече топката при уфрлување од гол-аут.
Новото правило и понатаму ќе му забранува на играчите да влезат во шеснаесетникот пред голманот да ја уфрли топката во игра, но само што ќе ја допре, фудбалерите според новото правило ќе можат да влезат во шеснаесетникот и да го пресечат додавањето.
Новото правило се тестира на Клубското Светско првенство, каде исто така беше тестирана и ВАР технологијата пред две години.
Се очекува да биде воведено и правило за замена, т.е. фудбалерот не мора да излезе од игра точно на центарот, туку некаде поблиску за да се спречи одолговлекување на играта.
Новото правило чие усвојување се очекува следната година е и тоа дека играчот кој ќе добие црвен картон го пропушта следниот натпревар, без разлика во кое натпреварување и под кое покровителство.
Сите овие промени официјално би требало да се усвојат во март 2019. година, а предложени се и следниве правила: жолти и црвени картони за тренерите, изведување на пеналите по AB-BA-AB-BA-AB системот, промена на правилото за влегување во казнениот простор додека се изведува пенал, живиот ѕид да биде составен само од фудбалери на екипата која се брани…