Connect with us

Тајмаут

Фудбалскиот интернационалец Несторовски му подари дрес од „Палермо“ на прилепскиот градоначалник

Иднината на фудбалот во Прилеп и во Македонија, беа тема на денешната средба помеѓу градоначалникот Илија Јованоски и прилепскиот фудбалски интернационалец и македонски репрезентативец Илија Несторовски.

Несторовски, кој моментално настапува за италијанскиот клуб „Палермо“ го запозна Јованоски со функционирањето на големите италијански и европски фудбалски клубови и со начинот на кој тие остваруваат соработка со властите во нивните земји за  подобрување на спортската инфраструктура и градењето млади фудбалски таленти.

Според Јованоски, нашиот сограѓанин, спортски ас, Несторовски, и другите македонски интернационалци, се вистински спортски амбасадори ширум светот.

– Тие имаат непроценлива улога во промоцијата на македонскиот фудбал и на новите таленти од Прилеп и од Македонија, рече Јованоски.

Во оваа пригода, Несторовски на прилепскиот градоначалник му го подари својот дрес со бројот и боите на „Палермо“.