Connect with us

Фудбал

Габриел Жезус и 120 мил. евра за Неимар

Се погласни и погласни се шпекулациите околу спектакуларниот трансфер кој би требало да се случи веднаш на почетокот од летниот преоден рок. Шпанскиот медиум “Дон Балон” ја стресе фудбалската јавност со информацијата дека менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака во следната клупска сезона на располагање да ги има и услугите на најскапиот фудбалер на денешницата, Неимар. Освен паричното обештетување кое нема да биде помало од 120 мил. евра, “граѓаните” се подготвени на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, да им ги понудат и услугите на бразилскиот интернационалец Габриел Жезус.

Гвардиола сака да го направи Неимар најскапо платен фудбалер на денешницата, но “светците” не планираат да се откажат од неговите услуги толку лесно. Освен со Сити, Бразилецот постојано се поврзува со неговиот поранешен клуб, каталонскиот гигант Барселона, но и со актуелниот светски и европски клупски шампион, екипата на Реал (М).

Пред неколку недели Гвардиола изјави дека е тешко да се натпреварува со Барса и со “кралскиот клуб”, но Шпанецот ќе игра на картата Габриел Жезус.