Connect with us

Фудбал

Галатасарај го комплетираше трансферот на Лукас Тореира

Уругвајскиот играч за врска Лукас Тореира премина во Галатасарај на трансфер од Арсенал, објавија двата клуба. Тој потпиша четиригодишен договор со турскиот клуб, а медиумите во двете земји тврдат дека Англичаните ќе добијат околу пет милиони фунти за неговите права.

“Среќен сум што донесов одлука да се преселам во Галатасарај. Тоа беше добро осмислено. Со нетрпение го очекувам почетокот на новата авантура. Се надевам дека ќе се навикнам на градот, клубот и моите соиграчи што побрзо Едвај чекам да почнам да тренирам“, рече тој за клупскиот канал на Јутјуб.

Тореира му се приклучи на Арсенал во јули 2018 година како трансфер од Сампдорија и има забележано скоро 90 настапи за клубот. Сепак, последните две сезони ги помина на позајмица во Атлетико Мадрид и Фиорентина.

Галатасарај во понеделникот го комплетираше и трансферот на Дрис Мертенс, кој потпиша договор до следното лето. 35-годишниот Белгиец беше донесен како слободен играч откако последните девет сезони ги мина во Наполи и постигна 148 голови.