Connect with us

Фудбал

Гарсија очекува нов договор со Вотфорд

Тренерот на Вотфорд, Хавиер Гарсија, изјави дека очекува да потпише нов договор со англискиот премиерлигаш.

Тој наведе дека преговорите со раководството на клубот се движат во позитивна насока.

– Би сакал да останам подолго во клубот, бидејќи овде добро се прилагодив. Овде ја гледам мојата иднина и во овој клуб можам да ги реализирам моите амбиции. Во моментов разговараме и нештата се одвиваат добро, истакна Гарсија.

Тој во јануари годинава потпиша 18-месечен договор со Вотфорд, откако од клубот си замина Марко Силва. Гарсија сезонава ја започна со четири победи.

– Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи. Па затоа сакам да се сконцентрирам само на следниот натпревар и да ја извршувам мојата работа најдобро што можам, наведе шпанскиот тренер.

По осум кола во Премиер лигата, Вотфорд е на деветата позиција на табелата со 13 бодови.