Фудбал
Гатусо ја има целосната поддршка од раководството
Судбината на Џенаро Гатусо на клупата на Милан денеска дефинитивно е решена.
Во изминатите денови, со преземање на „Росониерите“ се поврзуваше Антонио Конте. Сепак, во Милан имаат други планови и тоа од денеска е сосема јасно.
Генералниот менаџер на клубот Леонардо потврди дека овој стручњак ја има целосната поддршка од раководството на клубот и дека ниту едно друго не се споменува.
„Гатусо? Неговото заминување не доаѓа во предвид. Нормално е да се зборува и да се пишува за нов тренер, ако ги има на пазарот, но никој од нас во клубот не го спомна Антонио Конте“ рече Леонардо.
Милан до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го засили тимот. Неколку познати имиња се спомнуваат за доаѓање на „Сан Сиро“, а засега најблизу е шпанскиот напаѓач Алваро Мората за кого разговорите за трансфер со Челзи веќе започнаа.