Фудбал
Гатузо чекаше само 24 часа за новата работа
Џенаро Гатузо не чекаше долго за нов клуб.
Ден претходно, од Наполи пристигна веста дека Гатузо повеќе нема да биде тренер на тој тим, откако не успеа да ги однесе „наполитанците“ во Лигата на шампионите. Тој и неговите играчи имаа добра шанса, но не успеаја да ја совладаат Верона (1:1) во последното коло.
Наполи мора да биде задоволен што игра во Лига Европа, а Гатузо најде нова работа. Фиорентина го назначи за нов тренер.
Виолетовите имаат потенцијал, па следната сезона ќе се обидат да се борат за Европа и врвот на табелата наместо да се борат за опстанок.
Поранешниот играч на Перуџа, Ренџерс, Салернитана, Милан и Сион во својата тренерска кариера ги водеше Сион, Палермо, Пиза, ОФИ Крит, јуниорите на Милан, првиот тим на Милан и Наполи во последните две сезони.
Како играч има освоено бројни трофеи, претежно во дресот на Милан, но како тренер го освои Купот на Италија со Наполи.
Welcome Gattuso ⚜️#ForzaViola ? #Fiorentina pic.twitter.com/42wWlCqt1y
— ACF Fiorentina English (@ACFFiorentinaEN) May 25, 2021
Гатузо полека станува признат италијански стручњак, но водењето на Фиорентина ќе биде вистински предизвик за него.
Фиорентина минатата сезона ја заврши на 13-тото место со 40 поени, иако има неколку врвни играчи, талентирани и искусни, како Душан Влаховиќ, Франк Рибери, Хозе Каљехон, Александар Кокорин, Бонавентура, Никола Миленковиќ, Валентин Ејсериќ …