Фудбал
Гатузо: Ги чувствувам истите емоции како кога бев фудбалер
Поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо денес го одработи првиот тренинг како нов тренер на „Росоњерите“.
„Многу важен ден за мене и тука има голема одговорност. Ова ќе биде тешка работа, овој тим е полн со млади играчи, но според мене, има голем квалитет“, изјави Џенаро Гатузо на својата прва прес конференција како нов тренер на Милан.
Гатузо како фудбалер беше вистински воин на теренот, па се очекува во екипата на Милан да ја внесе потребната енергија и дополнителна борбеност на теренот.
„Ги чувствувам истите емоции како кога бев фудбалер, а кога доаѓам во кампот на Милан, како да сум на небото. Овде ги проживеав најубавите работи“, изјави Гатузо.