Connect with us

Фудбал

Гатузо го обвинува судијата: Ни го правеше ова и порано…

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, оцени дека неговиот тим не заслужува да го загуби мечот со Парма, во кој сите голови беа постигнати од пенал.

Парма славеше со 2:1, а Гатузо смета дека судијата премногу брзо го досудил вториот пенал за домашната екипа.

“Кулушевски веќе падна кога Кулибали го допре. Судијата може да направи грешка. Тој го стори истото на натпреварот со Лече. Не сме задоволни од овој судија.

Не се сеќавам дека Парма упати шут на гол. Нашиот голман Мерет не мораше да интервенира ниту еднаш.

Ни даваа гол секој пат кога ќе преминаа половина од теренот “, се пожали Гатузо.

Наполи, победникот на годинашниот Куп на Италија, во моментов е седми на табелата во Серија А.