Connect with us

Фудбал

Гатузо избркан, Елиф Елмас доби нов тренер

Откако во последното коло ја прокоцкаа шансата и одиграа 1:1 со Верона, Наполи не успеа да обезбеди пласман во ЛШ. Поради ова, Џенаро Гатузо доби отказ. Медиумите во Италија пишуваат дека веќе е избран и новиот тренер. Тоа Серџо Консеисао кој имаше одлични резултати со Порто. Наводно се е договорено и наскоро ќе биде промовиран во нов тренер.

Консеисао има две титули со Порто во Португалија, но сезонава Спортинг ги спречи во намерата повторно да станат шампиони. Како играч бил дел од неколку италијански клубови меѓу кои Парма, Интер, Лацио.