Connect with us

Фудбал

Гатузо не се плаши од Меси и Барса пред реваншот: Во прашање е нешто сосема друго

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, е загрижен пред реванш натпреварот од осмина финалето од Лигата на шампионите меѓу Барселона и неговиот тим.

Во првиот натпревар беше 1: 1, а Гатусо најмногу е загрижен од зголемениот бројот на заразени со коронавирус во Каталонија.

„Јас нема да кажам ништо за тоа бидејќи не е моја работа. Нашите менаџери и претседателот ќе се справат со тоа. За нив тоа е вообичаена задача. Нормално е дека сме загрижени, но нема да зборувам за тоа. Претседателот и раководството ќе го решат тоа“, рече Гатузо.

Натпреварот се игра на 8 август во Шпанија, а Наполи доаѓа во многу добра форма.

Од друга страна, Барса ја загуби битката за титулата со Реал.