Connect with us

Фудбал

Гатузо отворено за неговите здравствени проблеми: Некои мислат дека ми преостанува уште еден месец живот

По натпреварот Наполи – Торино (1:1) Џенаро Гатузо проговори за здравствените проблеми со кои се соочува.

Гатузо го гледаме со врзано око во последно време и претежно прескокнуваше интервјуа бидејќи му се влошуваше видот. Сега откри дека страда од автоимуна болест што влијае на квалитетот на видот.

„На овој начин би испратил порака до сите, особено децата, кои гледаат во огледало и гледаат на себе нешто што изгледа невообичаено или нешто што не е во ред. Мојата порака е дека животот е убав и дека треба де прифаќаат сè. Моите играчи страдаат затоа што сум во оваа состојба, тоа го знам, но јас сум жив. Имам проблем со ова веќе 10 години и ова е трет пат состојбата да се влошува, но ќе се врати во нормала и ќе се вратам уште поубав“, рече Гатузо и додаде:

„Не само што изгледа грдо, туку прави да се чувствувате исцрпено. Замислете да гледате сè двојно 24 часа на ден. Само лудак како мене би продолжил да ги прави работите што ги правам. Сепак, тоа е тоа. Ова е мое живот и знам дека има многу полоши работи на светот“.

Она што особено го повредило беа коментарите на другите луѓе во Италија кои напишаа дека тој ќе умре.

„Некои луѓе веќе претпоставуваат дека ми преостанува уште еден месец живот, да умрам, но ве уверувам дека сè е во ред. Кога ќе умрам, само однесете ме на стадионот, таму живеев“, додаде Рино во свој стил.