Фудбал
Гатузо во недела добива отказ
Поголемиот дел од италијанските медиуми се убедени дека конечниот резултат на саботниот дуел против СПАЛ ќе нема никакво влијание кога е во прашање тренерската иднина на актуелниот предводник на Милан, Џенаро Гатузо.
Седумкратниот европски клупски шампион нема победа на последните пет натпревари, а вината за таквата резултатска криза е лоцирана кај Гатузо. Италијанските медиуми се убедени дека Гатузо веќе в недела ќе добие отказ и во случај Милан да ја добие првенствената пресметка на “Сан Сиро”.