Фудбал
Газдата на Наполи позитивен на Ковид 19, присуствувал на состанок на Серие А
Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис е позитивен на Ковид 19. Сепак, италијанските медиуми велат дека тој иако имал симптоми, бил тестиран, а присуствувал на состанок на Серие А во пресрет на новата сезона.
Резултатите пристигнале по состанокот, а веројатно ќе има големи критики за него поради неодговорноста. Инаку, новата сезона во Серие А, според планираното треба да започне следниот викенд, односно за десет дена.