Фудбал
Геманија со гол во 95. минута до победа над Шведска
Репрезентациите на Германија и Шведска денеска го одиграа натпреварот од 2. коло од групата Ф, во кој Германија успеа да издвојува значителна победа од 2:1 во судиското надополнување од натпреварот.
Швеѓаните ја добија првата половина од натпреварот. Покажаа добра игра, а во 32. минута Ола Тоивонен му донесе водство на Шведска од 1:0.
Со овој резултат заврши првата половина од натпреварот, во која мораме да признаеме дека и двете селекции имаа навистина одлични шанси за гол.
Уште на стартот на второто полувреме, германците притиснаа со сите сили кон голот на Шведска, па во 48. минута од натпреварот Марко Ројс го изедначува резултатот на 1:1.
Вистинска драма се случуваше на крајот од натпреварот. Боатенг во 82. минута заработи втор жолт картон, што значеше исклучување, а со тоа изгледаше и како да згаснаа сите надежи за победа на Германија.
Како што одминуваа минутите, така германците посилно и посилно напаѓаа кон колот на Шведска, за на крајот во судиското надополнување, односно во 95. минута од натпреварот, Тони Крос со одличен удар ја погоди целта и ги постави конечните 2:1 за Германија.