Connect with us

Фудбал

Георгина ги разбранува страстите со очаен коментар на објавата на Меси за Агуеро

Кристијано Роналдо и Лео Меси без сомнение се најголемите ривали во историјата на фудбалот.

Тешко е да се каже кој е подобар фудбалер бидејќи не се разговара за вкусови, но барем статистички Меси е напред бидејќи има седум Златни топки, две повеќе од Роналдо.

Поубавата половина на Роналдо, Герогино Родригез, се погрижи да ги разгори страстите за ова ривалство, можеби со бескорисен коментари на социјалните мрежи.

Серхио Агуеро во средата се прости од фудбалот, а Меси како негов голем и долгогодишен пријател му посвети објава на социјалните мрежи.

На објавата на Меси, „влета“ Георгина која без никаква провокација напиша: „Роналдо е најдобар“.

Се чини дека Георгина се уште не се помирила со фактот дека Меси доби нова Златна топка и многумина овој коментар го гледаат како очаен.