Connect with us

Фудбал

ГЕРИ НЕВИЛ ЗА ОБЈАВАТА НА ПОГБА: Не треба да покажете непочитување кон некој што останал без работа

Французинот Пол Погба срастично ги подобри своите игри откако тимот го презеде Оле Гунар Солскјер, а најдобар доказ за тоа се бројките кои велат дека младата ѕвезда постигна четири гола на првите четири натпревари по заминувањето на Мурињо.

Погба истакна дека напаѓачката игра е главната разлика меѓу Солскјер и поранешниот менаџер Мурињо, а говорејќи за позитивната трансформација на Французинот, интересна изјава даде легендарниот Гери Невил.

Имав само еден проблем со Пол Погба и тоа беше неговата објава со која покажа големо непочитување кон Мурињо на денот кога ја загуби работата. Тој случај не беше демантиран, што доволно говори само за себе. Не беше демантирано од клубот, ниту од Адидас, ниту од Погба. Моето лично гледиште е дека не треба да покажете непочитување кон некој што останал без работа. Што се однесува до фудбалерот Погба, јас секогаш сум велел дека Јунајтед е далеку подобар тим со него во тимот, изјавил Невил за „Скај Спортс“.