Connect with us

Фудбал

Германија во шок: Левандовски направи чуда и не беше избран за најдобар играч во Бундеслигата!

Баерн продолжи со доминацијата со новата титула, а екипите на РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд и Волфсбург ќе влезат во Лигата на шампионите. Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт ќе се приклучат на Лигата на Европа, додека Унион Берлин ќе се приклучи на Конференциската лига на УЕФА.

Шалке и Вердер ја напуштаат лигата, а Келн ќе игра со Кил во плејофот. Нови членови на Бундеслигата се Бохум и Фурт.

Покрај горенаведеното, награди беа доделени и на најдобрите поединци, па напаѓачот на Борусија, Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар играч оваа сезона во Бундеслигата.

Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски се очекуваше да го добие епитетот за најдобар играч, бидејќи постигна 41 гол и го собори рекордот на Герд Мулер, но Полјакот ќе биде задоволен со само златната копача за оваа сезона, што ги изненади сите во Германија.

Минатата сезона Халанд постигна 27 голови и запиша шест асистенции. Тој заврши трет на листата на стрелците зад Левадовски и Силва од Ајнтрахт кои ја завршија сезоната со 28 голови. Токму тоа дуо Халанд го остави зад себе во трката за најдобар играч во сезоната.

Халанд исто така го освои Купот на Германија со Дортмунд, а на последниот дуел против РБ Лајпциг беше еден од најдобрите поединци на теренот.