Connect with us

Ракомет

Германската ракометна лига сака гледачи на трибините

Федерацијата на германски ракометни клубови (ХБЛ) сака, по ублажување на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, дека во наредната сезона 2020/21 година гледачите ќе бидат присутни на натпреварите.

„Наша главна цел за следната сезона е да создадеме концепт што ќе им овозможи на гледачите да гледаат ракометни натпревари во салите“, изјави за германската новинска агенција „dpa“, Френк Боман, директор на Здружението на елитни ракометни клубови.

За германските ракометни клубови главен извор на приход е продажбата на билети, од кои клубовите генерираат 30 до 50 проценти од годишниот буџет, додека продажбата на телевизиски права им носи само пет проценти. Боман додаде дека бројот на гледачи во салите ќе биде ограничен на почетокот на следната сезона и е многу скептичен во врска со одржувањето на Светскиот куп закажан за јануари 2021 година во Египет.

“Пред некое време испративме барање до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) да нè извести навреме за евентуалното откажување на Мундијалот. Со оглед на моменталната состојба, многу е тешко да се предвиди дека ова натпреварување сигурно ќе се одржи”, додаде Боман. ХБЛ неодамна објави дека сезоната 2020/21. официјално стартува на 2 септември кога натпреварот во Супер купот ќе се одржи во Дизелдорф. Германската ракометна лига треба да го започне првенството во септември или октомври.