Фудбал
Германските новинари и навивачи се бесни поради одлуката на тренерот Ханси Флик
Репрезентацијата на Германија ќе игра против Романија на 8 октомври, а три дена подоцна против Македонија во квалификациите за СП.
Избраниците на селекторот Ханси Флик се собраа во Хамбург, каде Германија ќе го одигра својот прв натпревар, а sвездите на оваа селекција ги разочараа навивачите на почетокот на подготовките.
Како што објави „Билд“, играчите не им пријдоа на навивачите кои чекале пред хотелот. И покрај фактот дека претставниците на Германија беа очекувани од голема група обожаватели кои сакаа само автограми или фотографии, само Антонио Рудигер одлучи да им пријде.
Фановите на германската репрезентација не само што немаа контакт со идолите, туку не можеа ниту да ги гледаат во хотелскиот ресторан. Флик им нареди на вработените во хотелот да ги покријат прозорците со листови хартија, за навивачите да не можат да ги погледнат нивните идоли. Германецот веќе користеше таква практика во Баерн Минхен, бидејќи не сака да го гледаат додека јаде.
Медиумите и навивачите го критикуваат ваквото однесување и дистанцирање на репрезентативците, бидејќи според нивното мислење, важно е сите да бидат обединети во секој проект.
„Можам да зборувам само во мое име. Се уште сум многу внимателен во директните контакти, а од друга страна не знам како да се однесувам. Не знам дали прописите дозволуваат пристап до навивачите или треба да се воздржам од тоа“, рече германскиот репрезентативец Томас Милер.
По шест одиграни кола, Германија води во својата група со 15 бода. Тимот на Флик има четири бода повеќе од Ерменија, пет повеќе од Романија и шест повеќе од Македонија.