Connect with us

Фудбал

Германците бараат нов тренер, но не можат да ја добијат главната желба

Јоаким Лев реши да ја напушти селекторската позиција на германската репрезентација по завршувањето на Европското првенство.

61-годишниот стручњак ќе ја напушти клупата на Германија по 15 години, а раководството на Фудбалскиот сојуз на оваа земја веќе го бара неговиот наследник.

Не е тајна дека ДФБ би сакала да го ангажира сегашниот тренер на Баерн, Ханси Флик.

Тој е многу добро запознат со работата во националниот тим бидејќи од 2006 до 2014 година беше асистент на Лев и многумина веруваат дека тој е оној кој ги заслужи сите успеси на германската репрезентација.

Сепак, дури и ако Флик покажа интерес за преземање на националниот тим, ДФБ никогаш претходно не платила обештетување за доаѓањето на тренер во националниот тим и немаат намера да го сторат тоа сега.

За нив, Флик е навистина омилена опција за тренер, но претседателот на ДФБ, Фриц Келер ги увери сите луѓе во Баерн дека на Флик нема да му биде понудена работа како тренер.

За април се најавени и разговори со Ралф Рангички. Сепак, тој не е прв избор за позицијата тренер, па затоа не треба да се очекува на оваа позиција.

ДФБ ќе се обиде да го најде најдоброто решение и ќе видиме кој на крајот ќе ја преземе германската репрезентација.