Други спортови
Германците не се оптимисти пред почетокот на ЗОИ
Претседателот на Конфедерацијата на олимписките спортови во Германија, Алфонс Хорман не е уверен дека на претстојната Олимпијада во Пјонгчанг спортистите од таа земјата ќе се претстават подобро во споредба со Сочи 2014.
На ЗОИ во Русија, Германија освои 19 медали, најмалку по обединувањето на Источна и Западна Германија во 1990 година.
– Сигурно имаме оптимизам од претставувањето на одредени наши спортисти во зимската сезона досега, но ќе има и разочарувања. Очекувањата ни се барем да го повториме резултатот од Сочи, но се надеваме на повеќе.
Зимските олимписки игри во Кореја ќе се одржат од 9 до 25 февруари.