Connect with us

Фудбал

Германците пред мечот ја покрија устата, поради забраната да носат капитенски ленти со боите на виножитото (ФОТО)

Селекцијата на Германија загуби од Јапонија со 1:2, второ големо изненадување на Светското првенство во Катар. Како што заврши овој дуел, со шокантен крај, ништо поразлично не беше ниту на почетокот. Имено, Германците пред почетокот на мечот, при групнато фотографирање, со рацете ја покрија устата. Со тоа сакаа да испратат порака за забраната на ФИФА капитените да носат капитенски ленти со боите на виножитито како поддршка за геј популацијата.

-Да ни ја ускратиш лентата е исто како да ни го ускратиш гласот. Остануваме на нашиот став, е пораката која сакале да ја испратат.