Connect with us

Фудбал

Германците во целосна изолација: Лев им забрани апсолутно сè

Фудбалската репрезентација на Германија ова лето во Русија ќе ја бранат титулата светски шампиони, што ја освоија пред четири години во Бразил.

Германците, исто така, се фаворити за тронот во Русија, а со цел да се осигура дека играчите се целосно фокусирани на натпреварите, селекторот Јоаким Лев одлучи да им забрани поголем дел од дневните активности.

Така, за време на Мундијалот во Русија, на фудбалерите нема да им биде дозволено да имаат сексуални односи, и покрај тоа, им е забрането да користат социјални мрежи и да пијат алкохол.

Се разбира, пивото ќе биде дозволено само ако некои од играчите се подложени на допинг-тестирање, но во кругот на репрезентација нема да има алкохолен пијалак.

На овој начин, Лев сака да се осигура дека играчите се целосно фокусирани на теренот и дека ништо друго не е важно за нив за време на Светското првенство.