Connect with us

Фудбал

Ги одби Баерн и Реал и замина на „печалба“ во Саудиска Арабија, потпиша за Ал Хилал (ФОТО)

Голманот на Севиља, Боно е нов играч на Ал Хилал. Тој како и многу фудбалски познати имиња пред него одлучи да ги одбере парите, пред било друго што. Имено, веднаш откако Севиља беше поразена во УЕФА Суперкупот од Манчестер Сити, Боно летна за Саудиска Арабија и потпиша договор. Севиља како оштета за Боно ќе добие сума од 21 милион евра. Боно со Ал Хилал стави потпис на договор до 2026 година. Ал Хилал прави вистински дрим тим бидејќи претходно ги анажираше Нејмар, Кулибали, Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невеш.

Вреди да се напомене дека за Боно имаше интерес од Реал Мадрид и Баерн Минхен, но тој одлучи секако да ги избере парите.