Connect with us

Тајмаут

Гледачите во Саудиска Арабија можат да останат без тв преноси од Мундијалот во Русија

Гледачите во Саудиска Арабија ризикуваат да останат без телевизиски преноси од натпревари на претстојното Светското фудбалско првенство во Русија. Како што објави „Ле Фигаро“, никој од локалните телевизиски компании не можеше да се согласи за купување на правата за емитување од нивните сопственици – компанијата „beIN Media“ од Катар.

Преговорите стигнаа во ќор-сокак, и покрај посредувањето на ФИФА, која се обиде да им помогне на преговарачите чии земји ги прекинаа дипломатските односи поради политичката криза пред една година.

Катарската страна, исто така, ја обвини Саудиска Арабија дека се обидува да издејствува преноси без да купува права, како и за крадење содржини.

Саудиска Арабија на Мундијалот кој почнува на 14 јуни е во група со Русија, Египет и Уругва.

Извор: МИА