Connect with us

Фудбал

Го добивме најтешкиот противник

Откако дозна дека Ливерпул ќе биде противник на неговиот тим во осмина-финалната рунда од Лигата на шампиони, предводникот на Баерн (М), Нико Ковач, изјави дека го добиле најтешкиот можен противник.

  • Најтежок противник. Водечки во Премиер лигата и минатогодишни финалисти во ЛШ. Не очекуваат два исклучително тешки натпревари. Тие се еден од фаворитите за трофејот. Сепак ние сме Баерн. Реваншот е кај нас. Шансите за пласман понатаму ги оценувам со 50:50. Се надевам дека ние ќе поминеме, изјави Ковач.

Првиот дуел од осмина-финалната пресметка е закажан за 19 февруари на „Енфилд“, реваншот е на 13 март.