Фудбал
Го фрли Халанд во втор план: Започнува ловот по младата sвезда на Борусија
Борусија Дортмунд го направи вистинскиот потег кога минатото лето го доведе од Бирмингем, 17-годишниот играч за врска Џуд Белингем.
Овој талентиран играч за врска покажа дека не за џабе беше еден од најдобрите играчи на Чемпионшип на 16 години, а неговите игри, секако, веднаш ги привлекоа богатите Европејци.
Менаџерот на Манчестер Сити беше фасциниран од играта на младиот фудбалер на мечот во двојки од четвртфиналето во Лигата на шампионите и не го криеше тоа по натпреварот во Дортмунд.
“Не можам да верувам. Можеби лаже со години. Тој е премногу добар за 17-годишник”, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот.
Сепак, Манчестер Сити засега не е заинтересиран за овој фудбалер, но понудата до Борусија сигурно нема да изостане во летниот преоден рок.
Челзи е клуб кој би сакал да го гледа Белингем во своите редови. Управата на клубот верува дека овој фудбалер би доживеал вистински напредок со Томас Тухел и сметаат дека тоа е подобра опција од купувањето на играчот на Вест Хем, Деклан Рајс.
Исто така, Ливерпул е уште еден од клубовите кои покажаа интерес за овој тинејџер и сигурно ќе биде интересно да се види дали Борусија оќе длучи да го продаде.
Белингем пристигна минатото лето од Бирмингем за 25 милиони евра, а интересно е што ги одби понудите од Баерн и Манчестер Јунајтед поради тимот од Дортмунд.
Оваа сезона, младиот фудбалер одигра 39 натпревари за Борусија и има учинок од три гола и четири асистенции, но импресивна е целата работа што ја работи на теренот.
Секако треба да се истакне дека Белингем ја имаше честа да го повлече дресот во Бирмингем и никој повеќе нема да го носи дресот со број 22 во овој клуб.
Тој е најмладиот фудбалер што некогаш играл за Бирмингем (16 години и 38 дена), најмладиот играч кој некогаш постигнал гол за некој клуб (16 години и 63 дена) и затоа е одлучено дека тој засекогаш ќе остане во клупската историја.
Со своите настапи Белингем ги фрли во втор план приказните за трансферот на Ерлинг Халанд, а Борусија сигурно ќе има огромни понуди за двајцата во летниот преоден рок.