Connect with us

Фудбал

Го имаме најлудиот навивач на СП во Катар, по мечот доби дрес од Левандовски, погледнете која е причината (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Полска и Саудиска Арабија беше многу интересен, а Саудијците иако беа подобри, победата на крајот и припадна на Полска, со првиот историски гол на Роберт Левандовски на Мундијалите.

Еден гледач привлече посебно внимание! Неговиот луд танц не остави рамнодушен никого во близина, а видеото од овој обожавател набрзо се прошири на социјалните мрежи.

На натпреварот тој го носеше дресот на Саудиска Арабија, но кога Полјаците постигнаа голови, тој го соблече зелениот дрес, а под него беше уште еден црвен – репрезентацијата на Полска со број 9, која го носи Левандовски.