Фудбал
Го нема Роналдо? Нема проблем! Реал ја совлада Жирона
Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Жирона од 4:1 во второто коло од Шпанската Ла Лига.
Тренерот на Кралевите, Лопетеги повторно на клупата ги остави Куртоа, Варан и Модриќ, но тоа не се почувствува во играта на Реал Мадрид, која беше премногу добара.
Ако не ги земеме во предвид првите 20 минути, можеме да кажеме дека Реал одигра без грешка и на крајот, заслужено победи. Домашниот тим прв постигна гол во 16-тата минута, Гарсија постигна за 1:0, но потоа се припадна на Реал.
Гостите не се откажуваа од намерите и во 39 минути Марко Асенсио беше фаулиран во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал. Сигурен за изедначување од пеналот беше Серхио Рамос.
Во вториот дел од натпреварот на Реал Мадрид пресврт на резултатот во 52-та минута, кога Карим Бензема беше прецизен од белата точка, а фаулот повторно беше над Асенсио, седум минути подоцна, Герет Бејл по асистенција на Иско постигна гол за сигурни 3:1. До крајот на натпреварот, Бензема повторно влезе во стрелците, овој пат откако му асистираше Бејл и тоа беше конечниот резултат 4:1 за Реал.
Кралскиот клуб по два натпревари има две победи, додека Жирона остана на еден бод кој го освои во првиот круг против Ваљадолид.