Connect with us

Фудбал

Го победи ракот на тестисите, од Лацио беше избркан, навивачите на Интер сакаа да го „обесат“, а тој ќе го игра мечот на кариерата (ФОТО

Речиси никој не претпоставуваше дека Интер ќе игра финале во ЛШ во Истанбул на 10-ти јуни. 13 години подоцна, откако го освоија пехарот, со генерацијата на Милито, Ето, Занети, Пандев, Станковиќ…Интер има можност за нов голем успех.

Беа подобри од Милан во двете полуфинални пресметки и заслужено ќе патуваат во Истанбул. Интер сезонава во ЛШ е вистински пример дека фудбалот пишува убави приказни. Но, нивниот дефанзивец Франческо Ачерби е уште подобар пример за ова.

Во Интер дојде минатата година на позајмица од Лацио за 4 милиони евра. Кога „Нероаѕурите“ потврдија дека тој ќе биде нов нивен играч, навивачите збеснаа. Сето тоа поради неговиот потег и грешката во дресот на Лацио, со која овозможи на Милан да постигне гол и да победи, а со тоа и да ја осигура шампионската титула во трката со Интер. Навивачите на Интер тогаш сакаа да го „обесат“, но сега стана нивен миленик поради стандарните игри во одбраната.

Колку е само емотивна неговата призкана и патот покажува и тоа дека во Лацио не го сакаа воопшто, дури и не го земаа на подготовките за оваа сезона. Вреди да се напомене дека кусо во својата кариера го носеше и дресот на Милан.

Но, најемотивната приказна со Ачерби е ова.

Имено, Франческо Ачерби во 2014-та година веројатно ги преживеал најтешките моменти од животот. Мораше да престане да игра за Сасуоло и да почне со хемотерапија за да се бори со ракот на тестисите. Но, успеал и тоа да го победи.

Како што самиот изјави за италијанските медиуми пред извесно време, една година по дијагнозата на ракот, една вечер Ачерби се разбудил опфатен од страв.

-Одеднаш почнав да размислувам за сите грижи што ги создадов на моите родители, за сите потрошени можности и ноќи поминати во клубови. Тоа утро се плашев од сопствената сенка. Почнав да одам кај терапевт, кој многу ми помогна, вели Ачерби.

Девет години подоцна тој игра во Интер, речиси е незаменлив во одбраната. Против Милан во полуфиналето можеби го одигра мечот на кариерата и е еден од најзаслужните што неговиот тим е во финалето на ЛШ, го чека противникот од дуелот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, а никој, ама баш никој не го очекуваше тоа од нив.

Ачерби воедно со Италија во 2020-та го освои Европското првенство.