Фудбал
Го прашаа Иниеста дали Чави е подготвен за клупата на Барселона, одговорот никого не изненади
По ремито помеѓу Барселона и Гранада (1:1), во шпанските медиуми се повеќе се пишува за заминување на холандскиот стручњак од клупата на каталонската гордост.
Бројни тренерски имиња се поврзуваат со Барселона, а се чини дека навивачите на овој клуб на клупата најмногу би сакале да го видат некогашниот одличен играч за врска и легенда на Барселона, Чави.
Неговиот соиграч, а воедно и феноменален играч од средниот ред, кој се уште е активен во играта, Андрес Инеста, верува дека Чави е подготвен да ја преземе Барселона.
„Подготвен е да ја преземе Браселона. Секако дека го гледам како тренер на Барса еден ден. Се подготвува многу години и сигурен сум дека е целосно подготвен. Има и доверба да се соочи со овој предизвик“, изјави Иниеста.
Поранешниот шпански репрезентативец проговори и за актуелниот тренер на Барселона, Роналд Куман.
„Јасно е дека моментот на неговото доаѓање не беше најповолен. Ниту сега, за се е потребно време“, изјави Иниеста, а се осврна и на заминувањето на Меси од клубот.
Иниеста верува дека мал број луѓе навистина знаат што се случило, и истакна дека му е чудно да го види Лео во друг дрес.
„Можам само да го коментирам неговото заминување однадвор, а она што се случи им е познато на мал број луѓе кои беа директни актери во целата приказна. Чудно е чувството да се види Лео во друг дрес“, заклучи Иниеста.