Connect with us

Фудбал

Го прашаа Конте за Меси, а неговиот одговор ги насмеа сите

Во изминатите неколку денови на големо се пишува во Италија дека Интер ќе се обиде да го ангажира Лионел Меси. Иако од раководството на италијанскиот тим упорно велат дека тоа е невозможна мисија, сепак медиумите тврдат дека „каде има џад, има и оган“.

По мечот и победата од 2:0 над Наполи, новинарите го прашаа тренерот на Интер Антонио Конте за шансите Меси да дојде во Милано. Неговиот одговор ги насмеа сите.

-Полесно ќе ја дислоцираме катедралата Думо од Милано, отколку да го донесеме Меси, вели Конте.

Тренерот на Интер овој одговор го доби на прашањето од новинарите дали би го сакал Меси или 4 други играчи по 50 милиони. Инаку, се шпекулира дека Интер сака да го ангажира Аргентинецот бесплатно, бидејќи за една година му истекува договорот и да му понуди годишна плата од 50 милиони евра.