Фудбал
Го удри нашиот Столе Димитриевски, во конфликт со судијата, Винисиус може да биде казнет до 12 натпревари?! (ВИДЕО)
Винисиус може да добие суспензија и до 12 натпревари, пишуваат дел од медиумите во Шпанија. Како што е познато, Бразилецот на последниот меч со Валенсија (1:2) го удри нашиот Столе Димитриевски, а потоа влезе и во конфликт со судијата бурно реагирајќи, откако му беше покажан црвен картон по прегледувањето на ВАР снимката.
Vinicius Jr:
“I just want to play football.”
pic.twitter.com/3iqOW7oysM— Footy Humour (@FootyHumour) January 3, 2025
Дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека Винисус нема да ја добие стандардната суспензија од два меча поради црвен картон, туку напротив би можел да биде суспендиран на многу повеќе, поради неговото однесување на овој меч. Дел од медиумите цитираат и членови од Дисциплинскиот правилник на фудбалскиот сојуз на Шпанија, односно член 104 за агресивно однесување на фудбалер, кое се казнува со од четири до 12 натпревари.
If not for Rüdiger, Vinicius would have punched the referee. He behaves like that every game. People need to wake up, this guy is not a saint pic.twitter.com/9jyryW7N0h
— – (@MusialaEra) January 3, 2025