Фудбал
Годин за нула евра
Италијанскиот калчо гигант Милан најверојатно ќе биде следната дестинација на стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Годин.
Репрезентативецот на Уругвај на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а пред неколку месеци ги информирал раководните лица на популарните “јорганџии” дека не планира да остане на “Ванда Метрополитана”.
Италијанските медиуми открија дека Годин веќе имал состанок со директорот на Милан, Леонардо, кого го информирал дека е расположен за преселба на “Сан Сиро”.