Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ без борба обезбеди полуфинале во Мадрид

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, ќе игра во полуфиналето на турнирот во Мадрид.

Неговиот противник во четвртфиналето, Хрватот Марин Чилиќ, не се појави на теренот поради болест.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра со победник од мечот Роже Федерер (Швајцарија) – Доминик Тим (Австрија).

Другите двојки од четвртфиналето се: Циципас (Грција) – Зверев (Германија) и Вавринка 9 Швајцарија) – Надал (Шпанија).