Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ е фаворит за титулата на АО, Федерер се уште не е за пензија

Поранешната тенисерка Анабел Крофт смета дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв фаворит за осовјување на грен слем турнирот Австралија опен, кој ќе се одржи во јануари наредната година

-Новак е фаворит за осовјување на уште една титула на Австралија опен, бидејќи покажа многу во вториот дел од изминатата сезона. Но предсезоната е многу поинтересна, бидејќи тенисерите многу работат на подигнување на својата форма, изјави поранешната британсак тенисерка.

Ѓоковиќ имаше историска 2018 година, бидејќи мина низ тежок период на стартот од сезоната, а потоа од Вимблдон го играше најдобриот тенис на светот и на крајот ја заврши годината на лидерското место на АТП листата.

-Младите тенисери цврсто чекорат по својот пат и ќе видиме многу од Зверец, Качанов, Циципас, Де Минор, Чориќ, Тим…, истакна Крофт, која потоа го прокоментира и Швајцарецот Роже Федерер.

-Мислам дека Федерер се уште не е за пензија. Се уште ужива во тенисот. Пред три или четири години се мачеше со повреда на грбот и се секќавам дека рече: „Вие новинарите сакате да ме испратите во пензија. Иако ги губам натпреварите сакам да играм тенис. Затоа мислам да играм се додека уживам во тенисот и се додека мојата сопруга ме поддржува во тоа што го работам“. Затоа мислам дека ќе игра уште неколку години, заврши Британката.

Австралија опен се игра од 14 до 29 јануари , а Новак Ѓоковиќ на турнирот во Мелбурн досега освои шест титули, последната во 2016 година.