Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ: Федерер е најголемиот играч на сите времиња

Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ прокоментира една од најжешките теми од последните денови – системот, кој организаторите на „Вимблдон“ го користат при поставувањето на играчите во шемата.

Денес официјално беше објавено дека Роџер Федерер е ставен под бр.2 (што значи дека може да се сретне Ѓоковиќ само во финалето), а Надал е бр.3, иако во светската АТПлиста, Шпанецот е втор, а Швајцарецот – трет.

Надал веќе изрази незадоволство од одлуката на организаторите на Гренд-слем турнирот, а Ѓоковиќ призна дека е малку изненаден.

Во исто време Србинот го утврди Роџер Федерер како „најголемиот играч на сите времиња“.

– Ова се нивните правила и мора да ги почитуваме, иако е малку изненадувачки, искрено, рече Ѓоковиќ.

Србинот вчера го одигра својот прв меч на трева сеознава и го порази чилеанскиот тенисер Кристијан Гарин со 6: 2, 6:4 на егзибициски турнир. Денес, 15-кратниот Гренд-слем шампион го игра вториот натпревар, а неговиот ривал е Денис Шаповалов.

– Роџер е најголемиот играч на сите времиња и освои повеќе титули на „Вимблдон“ од било кој во историјата, па ако некој го заслужи тоа, тоа е тој. Но, во исто време тој се префрла од трето на второ место, па тоа е малку изненадувачки, искрено, смета Ѓоковиќ.