Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го доби епскиот меч, ова е најдолгиот натпревар во историјата во Париз, се израмни со Федерер (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ  го победи Италијанецот Лоренцо Мусети  со 3:2 во сетови (7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0) и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос во меч кој ќе остане запаметен како најдоцна завршен досега на париската земјена подлога. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Во саботата започна во 22:38 часот, а во неделата заврши во 3:06 часот. Од стартот на мечот се навестуваше дека Ѓоковиќ ќе има тешка задача против расположениот Музети, но тој сепак успеа да поведе во сетовите по брејкот во 12. гем од првиот сет. Во вториот беше решен тајбрејк во кој Ѓоковиќ промаши сет топка која Италијанецот ја казни и израмни на 1:1. Третиот сет на Италијанецот му донесе двоен брејк и водство во сетови 2:1.

Сепак, најдобриот светски тенисер се опорави и го подигна нивото на играта, што резултираше со 6:3 во четвртиот сет. Конечно, Музети веќе немаше сили да му се закани на Ѓоковиќ, кој во петтиот сет ја заврши работата со 6:0. Вака заврши историскиот меч бидејќи никогаш досега на Ролан Гарос не се играше по 1:30. Ѓоковиќ ја постигна 369. Грен слем победа, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер.  Во борбата за пласман во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Франциско Черундола од Аргентина (АТП:23), кој по пресвртот беше подобар од Американецот Томи Пол со 3:1 во сетови.