Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го победи храбриот Aлкараз за финале на Ролан Гарос! Тешка повреда на Шпанецот го прекина спектаклот (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако го совлада Карлос Алкараз! Новак победи по четири сета со резултат 6:3, 5:7, 6:1, 6:1, откако Алкараз заработи тешка повреда на натпреварот. Спектаклот кој сите со нетрпение го очекуваа беше прекинат на шокантен начин. Младиот Шпанец не можеше да се движи на теренот откако наеднаш почувствува болка. Ѓоковиќ освои гем за 1:1 во третиот сет, а веднаш потоа Алкараз застана и ги загрижи сите присутни, но и оние кои уживаа во натпреварот на малите екрани.

Судијата веднаш се симна од столчето и заедно со Новак дојдоа до младиот тенисер, кој веднаш сакаше пауза за доаѓањето на лекарот, иако тоа значеше губење на следниот гем (тенисерите немаат право на медицинска минутажа- надвор по изедначени игри).

Тој се обиде да го продолжи мечот, но беше јасно дека не може да го стори тоа. Едвај се движеше на теренот и Новак лесно го доби третиот сет, по што Алкараз го искористи правото да оди во соблекувалната меѓу двата сета. Во четвртиот сет Новак имаше поголема борба против публиката која неколкупати свиреше. Ѓоковиќ одговори со кренати тупаници и гласни извици. Кога се во прашање првите два сета, видовме феноменален тенис од двета тенисери и навистина е штета што спектаклот заврши вака.