Други спортови
Ѓоковиќ го совлада Карацев, а по мечот со џентлменски потег докажа каков спортист е
Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен.
Тенисерот од Србија во полуфиналето ја совлада руската сензација Аслан Карацев со 3:0 (6:3, 6:4, 6:2), кој од квалификациите се пласираше во полуфиналето.
Ноле по мечот уште еднаш докажа дека е голем спортист.
Пред да ја коментира неговата игра, тој упати зборови на поддршка до Карацев.
„Пред да ја коментирам мојата игра, сакам да му честитам на Карацев. Секоја чест за сè што направи на турнирот. Тој дојде од квалификациите до полуфиналето, тоа се случи за прв пат во историјата на тенисот, секоја чест мајсторе“, рече Ѓоковиќ.