Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ избори полуфиналето на Мастерсот во Рим

Рим, 19 септември 2020 (МИА) – Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на турнирот во италијанската престолнина.

Во четвртфиналето, попладнево Србинот го надигра Германецот Доминик Кепфер со 2-1, по сетови 6:3, 4:6 и 6:3.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Каспер Руд од Норвешка.

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 3,4 милиони евра. зс/