Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ ја откри причината за неочекуваниот пораз

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, го претрпе првиот пораз во новата сезона, откако со 2-1 во сетови беше надигран од шпанскиот ветеран Роберто Баутиста-Агут, во полуфиналето на АТП турнирот во Доха.

Првиот рекет во светот по подолго време не делуваше моќно на терен, изнудените грешки беа се почести, а поради фрустрација настрада и неговиот рекет.

  • Загубив и тоа е тоа. Иако имав предност, не успеав да играм во исто темпо и противникот ме казни. Грешев кога најмалку очекував, на најлесните топки, тоа се случи заради падот на концентрацијата. Баутиста одигра добар меч и заслужено победи. Сепак, добро е што ќе имам неколку дена повеќе во Мелбурн, изјави Ноле.

Во големото финале на турнирот во Доха, Баутиста-Агут го совлада Томаш Бердих со 6:4, 3:6, 6:3 и го освои првиот трофеј во новата година.