Connect with us

Тајмаут

Ѓоковиќ ќе навива за Хрватска во четвртфиналето против Русија

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е познат како голем обожавател на фудбалот, па затоа не изненадува што ги гледа повеќето од натпреварите од Светскиот куп во 2018 година.

Тој сподели и за кој ќе навива во претстојното четвртфинале помеѓу домаќинот Русија и Хрватска, кое е на програмата утре од 20 часот.

– Се разбира дека го следам Светското иако по елиминацијата на Србија го правам тоа помалку. Сега навивам за Хрватска. Не знам кој е фаворит за титулата, но знам кој би сакал да видам во битката за трофејот, призна Ноле, кој веќе е во третиот круг на „Вимблдон“.