Други спортови
Ѓоковиќ: „Не гледав со едното око и тука не беше крајот на проблемите“
„Искрено, мислев дека имам проблем со очите, но тоа повеќе беше поврзано со главоболка и болки во стомакот. Така ми кажа докторот, мислам дека станува збор за мигрена. Не знам, нешто такво ми се нема случувано претходно. Вообичаено ми се случува кога сум премногу изморен. Не знам, чудно е и што сето тоа се случи среде натпреварот, во тие три-четири гема не гледав со едното око. Имав среќа што стигнав до тај-брејк. Во тај-брејкот работите се смирија и потоа можев да одиграм како што одиграв. Не се грижам дека тоа ќе биде некаков проблем затоа што имам еден ден да одморам и мислам дека ќе биде сè во ред“ – рекол Ѓоковиќ.