Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ само од турнири заработил 125 милиони долари

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ годинава не само што се врати на врвот во светскиот тенис, туку застана и на челната позиција по вкупната заработувачка од турнири во кариерата.

По паузата која ја имаше во вториот дел  од 2017 година, тој се врати на почетокот од годинава на теренот, но неговата серија на победи почна во вториот дел од сезоната, поточно од Вимблдон.

Тој го освои турнирот во Лондон и во Синсинати, а на САД Опен и подоцна во Шангај освои голем број на поени, но и поголеми парични награди и затоа во 2018 година заврши со 15,967.184 долари  милиони долари во џеб.

Ова беше доволна причина од челната позиција на листата на играчи со најголема заработувачка во кариерата да го симне Роже Федерер, кој изминатава сезона заработи 8,62 милиони долари, нешто помалку од Рафаел Надал (8,66), кој не ни играше на последниот грен слем турнир САД Опен.

Ѓоковиќ вкупно во кариерата од наградни фондови има заработено 125.772.589 доалри,  Роже Федерер 120.514.916, а Рафаел Надал 103.251.975 долари.

Новак наскоро го очекува враќање на теренот. Тоа че се случи на егзибициониот турнир во Абу Даби од 27 до 29 декември.

На Мубадала светскиот шампионат“ ќе се игра полуфинале на 28 декември ќе се игра полуфиналето со подобриот од дуелот Доминик Тим и Карен КАчанов, за од 31  декември до 5 јануари  ќе игра на првиот турнир сезонава во Доха.