Connect with us

Фудбал

Гол на кој мора да му се восхитувате, мајсторија на голгетерот на Наполи (ВИДЕО)

Виктор Осимен го постигна еден од најубавите голови сезонава. Наполи претходната вечер доби уште едно дерби и со тоа потврди дека практично е единствениот кандидат за титулата во Италија. Пред своите гледачи на „Марадона“ ја совладаа Рома со 2:1 (1:0) и на тој начин ја сочуваа предноста во однос на Интер од дури 13 бодови разлика, па во овој момент единственото нешто што може да ги вознемири е истрагата за трансферот на Виктор Осимен. Ако се процени дека се „замрсени“ како Јувентус, би можеле да останат без 15 бода како „Старата дама“.

Сепак, токму Виктор Осимен уште еднаш покажа дека е најдобриот напаѓач во Италија. Нигериецот му донесе водство на Наполи во 17. минута, демонстрирајќи во таа прилика се што треба да поседува еден напаѓач.