Connect with us

Кошарка

Голден Стејт неможат без Кари и Дурент, Сакраменто со тесна победа над шампионот

Српскиот кошаркар во редовите на Сакраменто Кингс,  Богдан Богдановиќ полека се привикнува на НБА-лигата и прикажува се подобри и подобри игри. Тој утринава ја презеде одговорноста на себе да го реши натпреварот против Голден Стејт на гостински терен и не погреши.

Ги реализираше последните два напади и му ја донесе победата на тимот на Кингс од 110-106 на тешкото гостување кај шампионот. Најпрво погоди за два поени преку Дрејмонд Грин на 12 секунди до крајот за водство од 108-106, а откако Клеј Томсон утна шут за израмнување на спротивната страта, Србинот ја заврши работата преку линијата за слободни фрлања и го постави конечниот резултат.

Богдан Богдановиќ го заврши натпреварот со 12 поени за 21 минута на паркетот, додека најефикасен кај Сакраменто беше Вили Коли Стајн со 19 поени. Голден Стејт на овој натпревар играше без Стеф Кари и без Кевин Дурент, па најефикасен во таборот на шампионот беше Клеј Томсон со 21 поен.