Connect with us

Фудбал

Голем пресврт, Хамшик останува во Наполи

Словачкиот фудбалер Марек Хамшик, наводно, ќе остане во Наполи.

Во последниве месеци, многу светски медиуми објавија дека Хамшик ќе го напушти Наполи и ќе ја продолжи својата кариера во Кина, но меѓутоа од трансферот на овој 30-годишен играч од средниот ред нема да биде ништо.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис откри дека ниту еден од кинеските клубови не сакал да ја плати потребната цена од 30 милиони евра, а одлуката на крајот била прифатена и од Хамшик.

Во следната сезона, Хамшик со златни букви ќе се запише во историјата на клубот, бидејќи му фалат уште 11 натпревари за да го надмине Брусколоти кој има 511 натпревари.

Хамшик за Наполи, игра од 2007 година кога пристигна од Бреша.