Connect with us

Фудбал

Голема благодарност до Мурињо

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, му се заблагодари на поранешниот менаџер, Жозе Мурињо. Португалецот минатата недела доби отказ откако беше посочен како главен виновник за очајните резултати во актуелната сезона.

  • Беше посебна недела за нас со оваа промена на менаџерот. Јас би сакал да му се заблагодарам на Жозе Мурињо за трофеите што ги освоивме заедно. Му посакувам среќа во иднина, изјави Мата.

Тој е еден од малкуте во клубот што остануваат со позитивни спомени од работата со Мурињо.